• недела, 22 декември 2024

Претседателот на Аргентина планира да отпушти 70.000 работници во јавниот сектор

Претседателот на Аргентина планира да отпушти 70.000 работници во јавниот сектор

Буенос Аирес, 27 март 2024 (МИА) - Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи изјави денеска дека планира да отпушти 70.000 вработени во јавниот сектор во следните неколку месеци.

Покрај тоа, Милеи на економски форум во Буенос Аирес рече дека веќе ги замрзнал јавните работи, го прекинал финансирањето на провинциските влади и откажал повеќе од 200.000 планови за социјална помош.

Блумберг наведува дека тоа е дел од стратегијата на аргентинскиот претседател по секоја цена да постигне фискална рамнотежа.

Милеи рече дека анкетите покажуваат дека Аргентинците се пооптимисти за иднината на економијата и дека довербата на јавноста во владата е зголемена, и покрај нејзините мерки за штедење.

Луѓето имаат надеж, ја гледаат светлината на крајот од тунелот“, изјави аргентинскиот претседател. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан