Претседателот на Албанија, Бегај: Ова е прослава на семејството, неговите вредности даваат сила и стабилност на општеството
- „Ноќта на промената на годините е време за размислување, момент кога застануваме да видиме што оставивме зад себе и да ги проектираме нашите надежи за новата сезона. Ова е, пред сè, прослава на семејството. Вредностите што растат во него се токму оние што даваат сила и стабилност на целото наше општество“., рече во новогодишното обраќање, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.
Тирана, 31 декември 2025, (МИА) -Претседателот Бајрам Бегај преку видео порака изрази дека во пресрет на Новата 2026 година, првата желба е за соработка и координација околу националните цели и интереси, пренесе весникот на макеоднски јазик во Албанија, „Илинден“.
„Ноќта на промената на годините е време за размислување, момент кога застануваме да видиме што оставивме зад себе и да ги проектираме нашите надежи за новата сезона. Ова е, пред сè, прослава на семејството. Вредностите што растат во него се токму оние што даваат сила и стабилност на целото наше општество“.
„Грижата за новата генерација не е само чувство, туку мудар избор за иднината. Вложувањето во нашите деца и млади е камен-темелник на европска Албанија кон која се стремиме“, рече Бегај.
Во пораката, Бегај понатаму вели дека Албанците покажаа дека знаењето, посветеноста и чесната работа се нашата најголема сила. Сведоци сме на достигнувања. Зад секој успех стои работа и семејна жртва што докажуваат дека иднината не се гради со големи зборови, туку со секојдневна посветеност.
„Моите најтопли поздрави и најдобри желби денес до Албанците насекаде во Косово, Македонија, Црна Гора, Прешевската долина, Арберешите и дијаспора! Вие сте неразделен дел од оваа нација и витална енергија за нашата заедничка иднина.“
„Имам посебен поздрав вечерва за сите лекари, медицински сестри, припадници на вооружените сили, полицајци, пожарникари и новинари, како и за сите оние кои се на должност денес и далеку од своите семејства!
„Нашите мисли се и со оние кои ја поминуваат оваа ноќ во болници или во тешки услови, далеку од топлината на своите домови. Нека секое албанско семејство, од деца до баби и дедовци, има здравје, радост и благосостојба!“, рече тој.
„Нека Бог ја благослови Албанија и сите Албанци!“, нагласи Бегај во својот поздрав.