• понеделник, 23 декември 2024

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претставници од ИЧП во посета на Уставниот суд на Словенија

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претставници од ИЧП во посета на Уставниот суд на Словенија

Скопје, 2 декември 2023

Претставници на Уставниот суд и на Институтот за човекови права остварија работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Словенија д-р Матеј Ацето и судиите д-р Шпелца Межнар и д-р Катја Шубман Стагс.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се интересираше за третманот на основните слободи и права од аспект на уставното судство, за улогата и постапката за поднесување на уставната жалба во Словенија.

Претседателот на Уставниот суд на Словенија, Ацето ги презентираше практичните аспекти на работата на Судот и ефектите од спроведувањето на уставната жалба. Генералниот секретар на Уставниот суд Себастијан Нерад  ја прикажа практичната примена на заштитата на слободите и правата преку издвојување на неколку случаи кои биле одлучувани во изминатиот период. 

Делегациите разменија искуства за остварување на човековите права и слободи пред Уставниот суд со акцент на  влијанието на уставната жалба во подигнување на нивото на нивната заштита. 

Оваа посета во Љубљана ја организираше Институтот за човекови права кој беше претставуван од Маргарита Цаца Николовска, поранешната судијка во Судот во Стразбур и меѓународна судијка во Судот во Босна и Херцеговина, поранешниот уставен Судија Игор Спировски како и учество на стручен кадар од ИЧП. 

Посетата е дел од активностите на проектот „Уставниот суд – заштитник на човековите права“ финансиски поддржан од Германската Амбасада Скопје.

Посетата се реализираше на 27 и 28 ноември 2023 година. 

Уставен суд

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Уставен суд

 

Остани поврзан