• недела, 22 декември 2024

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова избрана за претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN)

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова избрана за претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN)

Скопје, 15 декември 2025 

Моника Зајкова, претседателката на Либерално демократската партија (ЛДП) е избрана за нов претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN) -регионална политичка алијанса која ги обединува либералните партии од Југоисточна Европа. Во рамки на Регионалната либерална конференција „Quo Vadis Europa 2024? – Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ“, која во организација на ЛДП вчера и денес се одржува во Скопје, се избра и новото раководство на LIBSEEN, при што Зајкова доби едногласна поддршка во наредните четири години да биде на чело на Либералната мрежа на Југоисточна Европа. 

Овој избор е афирмација за силната положбата на Либерално Демократската Партија и претседателката Моника Зајкова во меѓународното либерално семејство, заложбите на ЛДП за брзо и успешно завршување на евроинтегративниот процес на нашата државата, како и потврда за меѓународната поддршка на Европските либерали за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската унија.

LIBSEEN е платформа која овозможува да се обединат либералните сили во регионот односно платформа која покажува дека соработка меѓу партиите може да донесе реални промени. Примери се иницијативата за поддршка на младите претприемачи и промоција на зелени политики, иницијативата „roаm like home“ со која се намалуваат цените за роаминг услугите, како и  заеднички активности преку кои бараме поддршка од ЕУ за посолен граѓански сектор и иницијативи кои ги поттикнуваат европските вредности.

Конференцијата „Quo Vadis Europa 2024?  се организира на годишнината од завршувањето на скрининг процесот со кој се заврши техничкиот дел пред формалното отворање на кластерите во процесот на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија.  Во текот на денешниот ден покрај претседателката на ЛДП Моника Зајкова,  на учесниците ќе им се обрати и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија. Исто така ќе бидат организирани и два панели на тема „Регион кој брзо се вооружува: Европска одбранбена перспектива“ и „Осврт на глобалните конкурентни наративи: Дали ЕУ сè уште е привлечна?“. На панелите ќе се обратат високи претставници од ЕУ, либерални политичари од регионот, како и претставници на големите либерални партии од Европа.

Конференцијата „Quo Vadis Europa 2024? – Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ“ има за цел да поттикне отворена дискусија за иднината на Европската Унија и улогата на Западен Балкан во процесот на проширување. Истовремено преку неа се дава и поддршка на ЛДП за забрзување на процесот на евроинтеграциите на Македонија. 

Конференцијата е организирана  со поддршка од Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (LIBSEEN), Европската партија на либералите и демократите (ALDE), Европскиот либерален форум (ELF) и Европскиот парламент.

ЛДП

_____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ЛДП

 

 

 

Остани поврзан