Претрес во Штипско, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице
- С.М. (41) од штипското село Ебеплија вчера околу 07.00 часот бил лишен од слобода од полициски службеници од СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со
Скопје, 8 октомври 2022 (МИА) - С.М. (41) од штипското село Ебеплија вчера околу 07.00 часот бил лишен од слобода од полициски службеници од СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи.
При претрес извршен во неговиот дом во Ебеплија, по претходна наредба од Основен суд Штип, во помошни простории биле пронајдени: една пушка – двоцевка, една пушка карабин „крањ“ 8х57, еден револвер, 34 боеви куршуми и 12 патрони.
Предметите биле одземени, а С.М. бил приведен во СВР Штип. По целосно документирање на случајот ќе следи поднесок во врска со кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик, за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. мч/лв/