• вторник, 25 јуни 2024

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

Скопје, 24 јуни 2024 (МИА) - Приведен 23-годишен тетовец поради марихуана.

МВР информира дека вчера полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот Л.Р. (23).

- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Л.Р. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. ир/дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан