• петок, 22 ноември 2024

Претрес во Скопје, пронајдени над 140 опаковки со дрога, одреден притвор 

Претрес во Скопје, пронајдени над 140 опаковки со дрога, одреден притвор 

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Притвор од 30 дена за 54-годишна скопјанка Р.Џ. откако при претрес на нејзиниот дом полициски службеници пронашле над 140 опаковки со дрога. Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје.

- По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје. При претресот пронајдени се: 73 опаковки со марихуана, 56 опаковки со кафеава прашкаста материја, 13 опаковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9060 евра и 14100 денари, информираат од МВР.

Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка и е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје. ир/вг/

 

Фото: МВР

Остани поврзан