• вторник, 02 јули 2024

Претрес во Куманово, пронајден хероин

Претрес во Куманово, пронајден хероин

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) -  Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово синоќа го лишиле од слобода Н.П.(43) од Куманово.

Како шти информираат денеска од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен хероин. 

Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан