• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претреси на локации во Скопје за обезбедување докази за проневера во службата и несовесно работење во СОЗР

Претреси на локации во Скопје за обезбедување докази за проневера во службата и несовесно работење во СОЗР

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција врши претреси на локации во Скопје за обезбедување докази за кривични дела проневера во службата и несовесно работење во Службата за општи и заеднички работи - СОЗР.

- ОЈО Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, информираат од ЈОРСМ.

Претходно, дел од медиумите, веќе објавија дека е приведен екс директорот на СОЗР Пецо Мирчевски и дека се вршат претреси во неговиот дом. аа/бак/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан