• петок, 22 ноември 2024

Пресудата не може да опстане и треба да се укине, смета одбрана од случајот „Рекет"

Пресудата не може да опстане и треба да се укине, смета одбрана од случајот „Рекет
Скопје, 10 мај 2021 (МИА) - Одбраната во случајот „Рекет" смета дека пресудата против Бојан Јовановски и Катица Јанева не може да опстане и треба во најмала рака да се укине. Адвокатот Сашо Дуковски, во изјава за медиуми, по образложувањето на жалбата во Апелациониот суд Скопје, рече дека таа се темели во немањето на каков било елементарен доказ, нешто на што треба да биде заснована пресудата. - Се работи за една елементарна пресуда која што нема никаков доказ, се заснова на тоа што народски се вика „рекла-казала". Сметаме дека со силината на доказите, иако ние не треба тоа да го правиме, тоа требаше да го прави обвинителството, оваа пресуда не може да опстане и дека во најмала рака треба да се укине, изјави Дуковски. Тој посочи дека ги оспоруваат сведочењата на брачниот пар Камчеви, зошто се тотално различни, еден со друг и во однос на исказот на Зоран Милевски-Кичеец. - Од друга страна имаме тотална не еднаквост на странките. Доказите кој што се даваат од лицето Јордан Камчев, кој што има интерес да биде осуден Бојан Јовановски, се прифаќат без било какво проблем, притоа не се вештачат во ниеден момент, а ние сите докази кој што ги предложивме во таа форма бевме со најразлични тривијални причини одбиени, посочи Дуковски, кој додаде дека ако сакаме да ги исполниме Поглавјата 23 и 24 вакви пресуди не може едноставно да постојат, туку треба да имаат еднаквост на оружја. Одбраната на обвинетата поранешна шефица на СЈО, Катица Јанева, рече дека ваквата пресуда донесена во случајот „Рекет" ќе влезе во аналите на нашето правосудство, и дека со толку грешки не смее истата да продолжи. Адвокатот Дељо Кадиев, изјави дека се надева дека Апелационит суд, ќе ги препознае сите оние грешки што се направени во текот на првостепената постапка и дека ќе ја укине ова пресуда. - Првостепениот суд вели, се гледа Катица како седи на предметната гарнитура, а ја гледате старата гарнитура, не се гледа како седи на предметната гарнитура. Катица има доказ каса прими дека дала парични средства за таа гарнитура, имате една снимка, видео клип каде што немате дејствија на примопредавање на парични средства, се тврди дека таму имало пари, дали има пари не знам. Како јавниот обвинител ги преброја, како судијата му поверува дека таму има 100 банкноти по 100 евра, тоа не е јасно, изјави Кадиев. Од друга страна Вишото јавно обвинителство Скопје, побара судот да ги одбие жалбите на одбраната и на обвинетите да им одреди повисоки казни. Кривичниот суд Скопје, обвинетиот Бојан Јовановски му изрече казна затвор од 9 години, додека на Катица Јанева, 7 години казна затвор.  аа/оџ/

Остани поврзан