• недела, 22 декември 2024

Преодната влада на Бугарија ќе земе само една од седумте танкери со гас договорени од Петков

Преодната влада на Бугарија ќе земе само една од седумте танкери со гас договорени од Петков
Софија, 19 август 2022 (МИА) - Вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија, Росен Христов, на брифинг најави дека само еден танкер за течен гас на американската компанија „Шиниер“ ќе купи „Булгаргаз“ и тоа ќе биде за октомври. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Христов, одбиени се преостанатите шест од седумте танкери договорени за време на редовната влада на Бугарија на Кирил Петков. Понудата на американската компанија „Шиниер“ за танкерите истече вечерва. Купувањето само на еден танкер е затоа што е договорено само едно место за истовар и тоа е на терминал во Турција. Христов му се заблагодари на „Шиниер“ за нивната флексибилност бидејќи не ја променија понудата иако танкерот беше еден, како и на заменик-министерот за енергетика на Турција Бајрактар ​​за нивната помош во обезбедувањето слот на терминалот за негово истовар. нк/ми/

Остани поврзан