Премиерот Ковачевски ги информираше членовите на Владата за пристигнатиот нов француски предлог
- Премиерот Димитар Ковачевски на денешната 57 владина седница ги информираше членовите на Владата дека во Министерството на надворешни работи од француското претседателство пристигна предлог с
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски на денешната 57 владина седница ги информираше членовите на Владата дека во Министерството на надворешни работи од француското претседателство пристигна предлог со решенија кои се однесуваат на јавно изнесените позиции и ставови од страна на Република Северна Македонија во однос на спорот со Република Бугарија, информира владината прес-служба.
- Предлогот се разгледува од страна на експертски лица во Министерството за надворешни работи, а истиот од утре ќе биде ставен во широк консултативен процес, со владините коалициски партнери, претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и останата јавност во земјата, по што се очекува да се донесе одлука во однос на предлогот, се наведува во соопштението. сп/