• вторник, 19 ноември 2024

Прекинато реемитувањето на Раша Тудеј

Прекинато реемитувањето на Раша Тудеј
Скопје, 18 март 2022 (МИА) - По препорака на Владата, Македонски Телеком го прекина реемитувањето на „Раша Тудеј“. -Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено, известува Македонски телеком, доколку корисниците се обидат да го пронајдат каналот. Прекинот на реемитување на Раша тудеј е случај во сите земји од ЕУ. Членките на Унијата го забранија емитување на Раша Тудеј и Сутник. ац/цр

Остани поврзан