• понеделник, 23 декември 2024

Прекинати сите летови во Тел Авив по ракетниот напад на Хамас

Прекинати сите летови во Тел Авив по ракетниот напад на Хамас

Тел Авив, 11 мај 2021 (МИА) - Сите летови на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се прекинати поради ракетен напад од Појасот Газа, соопштија властите.

Палестинската група Хамас соопшти дека истрелала 130 ракети кон Тел Авив.

Во Тел Авив се слушаат сирени за тревога.

Проектил погоди зграда во предградие на Тел Авив, јавија локални медиуми.

Жена загина  во близина на Тел Авив во ракетниот напад на Хамас, соопшти израелската полиција.

Ова резултираше со вкупно три лица убиени денеска во ракетни напади од Појасот Газа кон Израел. Според израелската армија, повеќе од 500 ракети биле истрелани кон Израел од различни палестински групи од синоќа.

Станбена зграда од 13 ката се урна во Појасот Газа по воздушниот напад на Израел во која била канцеларија на политичкото раководство на исламистичката група Хамас, што управува со Појасот Газа.

Израелските воени власти денеска испратија 80 воени авиони да ја бомбардираат палестинската енклава и да натрупаат тенкови долж границата, откако израелските градови беа ракетирани втор ден по ред.

Властите во Газа се уште немаат пријавено повредени или загинати. Палестинец е убиен, а друг е ранет денеска од израелската војска во северниот дел на Западниот брег, изјави палестински извор. Тој рече дека и двајцата биле палестински разузнавачи. паг/

Остани поврзан