• петок, 22 ноември 2024

Презентирана Монографијата за шест децении „Охридско лето“ – Фестивалот по кој не препознаваат во светот 

Презентирана Монографијата за шест децении „Охридско лето“ – Фестивалот по кој не препознаваат во светот 
Охрид, 14 август 2020 (МИА) - „Охридско лето“ е нашиот музичко-сценски бисер, Фестивалот по кој не препознаваат во светот. Тој е симбол на македонската државност и културата во неа. А Охрид има посебно место во приказната. Градот се гордее со своето „Охридско лето“, невидливиот флуид меѓу него и Фестивалот е рамен на стотиците музички концерти и исто толку театарски претстави... Тоа меѓу другото беше истакнато на вечерашната промоција на Монографијата насловена „Фестивалска приказна“ посветена на шесте неповторливи децении на „Охридско лето“.  - „Охридско лето е најзначајната културна манифестација во Македонија, заради својата многустраност, заради својот космополитизам, хуманизмот што го шири, заради комуникацијата со врвните интернационални квалитети од областа на музиката и театарот. Не е лесно да се стават шест децении историја меѓу две корици на една книга, но секако е прекрасно. Секое враќање во минатото има своја цена, но и убавина, истакна Снежана Анастасова-Чадиковска, една од коавторките на шестдецениската монографија.  Роза Нолчева-Ангеловска од своја страна истакна дека да истрае еден Фестивал 60 изданија, низ разни премрежија е успех сам по себе.  - „Охридско лето“ уште од првиот ден, од иницијалниот концерт на Ана Липша-Тофовиќ станува еден вид вистинска икона на градот Охрид. Преку него светот го запознава Охрид и Македонија низ поинаква призма, преку духовното, уметничкото, убавото. Навистина за нас беше огромна чест да работиме на едно издание што не говори само за она што сега ни се случува, туку да се потсетиме на сите имиња кои историски го одбележале овој град, оваа земја и пред се овие неверојатни споменици на културата каде се случиле сите тие настани, рече таа.  Нолчева-Ангеловска уште забележа дека оваа монографија, како што рече, тој необичен спој на авторство, нејзин и на Анастасова-Чадиковска, говори за генерациска сеопфатност на „Охридско лето“.  - Оваа фестивалска приказна кажува една поинаква сторија...Низ еден наративен начин говори за значењето што „Охридско лето“, и градот Охрид го имаат за нашата култура. Снежана се сеќава на концертите од времето кога јас се уште не сум била ниту родена, а јас за последните две децении на Фестивалот. Можеме и двете да говориме за незаборавни настани, неповторливи изведби, од огромно културолошко значење. Сите што ќе ја имаат в рака Монографијата ќе забележат дека во неа има фотографии од настани кои и во денешно време би било предизвикувачки да се направат. Тоа значи дека имало изведби на отворено, на мета надвор од вообичаените сцени, бројни креативни напори да се направат нови во тоа време визионерски настани. И во тој смисол сите ние можеме да учиме за она што се случувало пред години, со што може овој Фестивал да се гордее. Еден Рихтер, еден Ојстрах, луѓе кои во светски рамки навистина го одбележале минатиот век, свиреле и тука во „Света Софија“, рече Нолчева-Ангеловска.  Доколку не се запишат сеќавањата и не се зачуваат, тие лесно бледнеат, а може и прав да ги прекрие. Тоа не смее да  биде така кога се работи за „Охридско лето“. Дека Охрид навистина го сака „Охридско лето“, може да се види и од поддршката што Градот ја давал на манифестацијата низ децениите. Во нивно и во име на сите идни претставници на локалната власт пред присутните на промоцијата се обрати и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески кој им заблагодари на авторките на Монографијата на вложениот труд на лист хартија да ја сублимираат успешната приказна на „Охридско лето“.  - „Охридско Лето“ е нашиот најпрепознатлив бренд кој не прави неизмерно горди и среќни, затоа што со него Охрид станува дом на уважување, разбирање и размена на културните разлики. Врвни светски имиња од областа на музиката и театарската уметност во изминативе шест децении биле дел од фестивалот со што тој полека станува место за поставување и развој на интеркултурниот дијалог со почитување на различностите. Со тоа градот се промовира во Светот не само како културен центар туку како и атрактивна туристичка дестинација. Токму затоа  Охрид и граѓаните го поставија „Охридско Лето“  високо на врвот на приоритетите  во делот и на  културата и на туризмот, истакна Георгиески.   Забалежувајќи дека извонредноста никогаш не е случајност, дека таа секогаш е резултат на силна намераискрен напор и паметна изведба, тој се заблагодари на менаџментот на „Охридско лето“  што и во услови на светската пандемијастрого придржувајќи се на здравствените мерки и протоколиуспешно ја реализираат секоја фестивалска ноќ со тоа  надградувајќи ја успешноста на Фестивалот.  Монографијата „Фестивалска приказна” е двојазична, на македонски и англиски јазик, богато илустрирана, како со фотодокументи од бројни настапи на врвни уметници, така и на начин кој неминовно ја потцртува поврзаноста на Охридско лето со суштината и историските специфики на самиот град ОхридЈа опишува историјата на фестивалот со нови и разнообразни сознанијапотсетува на неговите почетоциразвојот и културолошкото значење на манифестацијатаособено сознанијата на помладатанова генерација фестивалски вљубенициаб/сп/

Остани поврзан