• недела, 22 декември 2024

Презентација на студентски преводи од чешки, од руски и од полски јазик на Катедрата за славистика

Презентација на студентски преводи од чешки, од руски и од полски јазик на Катедрата за славистика

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - На Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески", денеска ќе бидат презентирани студентски преводи од чешки, од руски и од полски јазик. 

На претстaвувањето на преводите, студентите од групата за Руски јазик  ќе читаат извадоци од „Невеста без мираз“ и „Седи си на свое место“ од А. Н. Островски, и извадок од расказот „Сонот на смешниот човек“ од Ф. М. Достоевски. 

Студентите од групата за Полски јазик ќе читаат извадоци од полските поети: Вислава Шимборска, Јан Бжехва, Марќин Швјетлицки, Ципријан Камил Норвид и Рафал Војачек. 

Студентите од групата за Чешки јазик ќе читаат извадоци од „Стари чешки легенди“ од Алојз Јирасек. дма/мд/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан