• вторник, 19 ноември 2024

Презентација на извештаи за состојбите во психијатриските болници и казнено-поправните установи во земјава

Презентација на извештаи за состојбите во психијатриските болници и казнено-поправните установи во земјава

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) - Во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) денеска ќе се одржи завршен настан на проектот „Борба против тортурата и нехуман третман” спроведуван од двете здруженија, а поддржан од Европската унија.

На настанот ќе се даде осврт на состојбата на пенитенцијарниот систем, како и на состојбите и условите во психијатриските болници и Специјалниот завод - Демир Капија. Свои излагања ќе имаат претставници на министерствата за правда, за труд и социјална политика и за здравство, Управата за извршување санкции, Омбудсманот, претставници на граѓанските организации, како и останати засегнати страни.

Пред присутните ќе бидат презентирани наодите на извештаите изработени во рамки на проектот: Сеопфатен извештај за влијанието на реформите во пенетенцијарниот систем, Извештај за состојбите и условите во психијатриските болници и установи за социјална заштита -посети во ЈЗУ Психијатриска болница Скопје, ЈЗУ Психијатриска болница Негорци, Психијатриска болница Демир Хисар, Специјален завод Демир Капија во период од октомври до ноември 2023 година, како и Извештај за состојбите и условите во казнено поправните установи во 2023 година - според последователните посети во КПД Идризово, КПД Штип, КПД Прилеп и Затвор Куманово, реализирани во периодот мај – јуни 2023 година. вг/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан