• среда, 20 ноември 2024

Прв тренинг на македонските фудбалери по пристигнувањето во Амстердам

Прв тренинг на македонските фудбалери по пристигнувањето во Амстердам
Амстердам, 18 јуни 2021 (МИА) – Амстердам од денеска е новата база на македонските фудбалери, кои попладнево го одржаа првиот тренинг во холандскиот град спроти дуелот против домашната репрезентација во рамки на ЕУРО2020. По двата порази во Букурешт против Австрија (1:3) и Украина (1:2), македонската репрезентација в понеделник против Холандија го игра натпреварот од последното трето коло во групата Ц. За избраниците на Игор Ангеловски тоа воедно ќе биде и последниот натпревар на дебитантскиот настап на Европските првенства, откако по вчерашниот триумф на Холандија над Австрија (2:0) „црвено – жолтите“ останаа без шанси за пласман во нокаут фазата. И покрај тоа, амбициите и мотивираноста кај македонските фудбалери се на високо ниво во обид против фаворизираната Холандија да ја забележат првата победа на ЕУРО2020. Натпреварот се игра в понеделник од 18 часот на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам. ег/дма/

Остани поврзан