• петок, 05 декември 2025

Прв неуспех на ТФТ во АБА 2 лигата

Прв неуспех  на ТФТ во АБА 2 лигата

Скопје, 4. ноември 2025 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ го претрпеа првиот пораз во АБА 2 лигата откако вечерва на домашен терен минимално загубија од Хелиос со 83:84. Резултат по четвртини: 23:24; 18:12; 24:25 и 18:23.

Во изедначен натпревар гостите од Словенија стигнаа до вредна победа. Македонскиот претставник на полувреме водеше 41:36, а во последната четвртина „влезе“ со предност од 65:61. Екипата на ТФТ и во последните 97 секунди имаше три разлика 81:78, но завршницата им припадна на гостите. Избраниците на тренерот Боро Смилковски постигнаа два поена, а шест што значеше победа за Хелиос.

Најефикасни на дуелот беа Ентони Говенс кај ТФТ и Јон Долничар од Хелиос и двајцата постигнаа по 27 поени.

По денешниот резултат двете екипи имаат скор од две победи и еден пораз. мн/

Фото: ТФТ Моцарт

Остани поврзан