• понеделник, 23 декември 2024

Прв мултимедијален концерт на „Дајте музика“ на 25 мај

Прв мултимедијален концерт на „Дајте музика“ на 25 мај
Скопје, 18 мај 2022 (МИА) - „Авалон продукција“ официјално го најави концертот на „Дајте музика“, што ќе се одржи на 25 мај во стадионот на Армијата со почеток во 20.00 часот. Организаторите информираат дека концертот ќе биде првиот „опен ер“ мултимедијален концерт од светски размери за деца и млади организиран во територијата на нашата држава. Бобан Милошески од „Авалон продукција“ рече дека родителите не треба да се грижат затоа што се ќе биде организирано на највисоко светско ниво. - Еден ден порано од Бугарија доаѓа моџо ограда, што се користи за големи стадионски светски концерти само од безбедносни причини. Тоа оној тип на ограда кој не може никој никако да ја прескокне, изјави Милошоски на денешната прес-конференција, додавајќи дека и родителите можат да присуствуваат со деца од која било возраст. Продуцентката Цаци Паковска информира дека градењето на проектот „Дајте музика“ започнал во 2019 година. - Ние сме особено горди затоа што во изминативе три сезони успеавме да издадеме три албума, снимивме авторска музика за преку 70 песни, преработивме најголеми хитови коишто беа значајни за домашната сцена, хитовите на Тоше, на Каролина, Ареа, Влатко Стефановски и уште многу други, истакна Паковска. Таа додаде дека во целиот тим на „Дајте музика“ во кој се вклучени 40 деца, најголемите таленти ќе настапуваат и со свои песни и дека поентата на концертот е да се промовира македонската музика, особено постарите песни од пред 20-30 години коишто помладите генерации не ги знаат. Паковска најави дека на овој концерт децата ќе пеат во живо и дека сите гости ќе бидат сведоци на нешто што досега немале можност да го видат. - Мене ми е особено често што после еден временски гап да речам 20-ина години повторно се појавија нови ѕвезди, нови идоли на новата генерација што позитивно влијаат на децата, нагласи продуцентката. Ѕвездите на концертот, Миха Гигов, Кристина Мукаетова, Филип Поповски и Анастасија Џабирска, најавија бомбастична кореографија со што сакаат енергијата што ја имале на јуниорскиот Евросонг да ја почувствува цела Македонија и рекоа дека концертот ќе биде интересен не само за децата, туку и за нивните родители. Освен тоа, тие со подароци обезбедени од „Алкалоид“, ги поканија и децата од СОС село да се приклучат во најавениот концерт на „Дајте музика“ Концертот е подржуван од страна „Алкалоид“, „Вива сокови“ и „Бекутан“. сх/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан