• вторник, 02 јули 2024

Првпат по два месеца бројот на активни случаи со Ковид-19 во Крива Паланка под 100

Првпат по два месеца бројот на активни случаи со Ковид-19 во Крива Паланка под 100
Крива Паланка, 9 јануари 2021 (МИА) - Со денешната бројка на тројца оздравени и еден новозаразен со Ковид-19, првпат по период од два месеца бројот на активни случаи со овој вирус падна под сто.
Според официјалната статистика од Институтот за јавно здравје за денешната бројка на новозаболени со Ковид-19 во државата, регистриран е еден нов случај во Општина Крива Паланка, а едно лице на 84 - годишна возраст ја изгуби битката со вирусот.
Во изминатото деноноќие, пак, регистрирани се и тројца оздравени пациенти од Ковид-19 од Крива Паланка, со што бројката на активни случаи во оваа општина и соседната, Ранковце, изнесува вкупно 99.
Од почетокот на пандемијата досега, 652 лица од овие две општини се заразиле со Ковид-19.
Во Општина Кратово во моментот има само десетмина заболени од корона-вирус, а 195 лица се заразиле со истиот од почетокот на пандемијата досега.ид/скс/

Остани поврзан