• петок, 22 ноември 2024

Прва брошура за млади од самохрани и еднородителски семејства во Македонија

Прва брошура за млади од самохрани и еднородителски семејства во Македонија

Скопје, 29 септември 2023

За првпат во Македонија, пред македонската јавност, излегува првата брошура за млади од самохрани и еднородителски семејства!

Со огромна мотивација ја креиравме оваа брошура со желба да помогнеме, промовираме и да ги едуцираме младите од вакви типови на семејства кои се нивните права на социјална заштита, образование, но и да дадеме простор на останатите граѓански организации коишто даваат бесплатна правна и психолошка помош.

Се надеваме дека ќе Ви го задржиме вниманието, со цел преку вашите медиуми, да стигнеме уште повеќе до нашата целна група и да ја прошириме веста дека Македонија е првата држава на Балканот, но и на Европа, каде излегува ваква публикација, со специфична намена, за млади од самохрани и еднородителски семејства.

Издавач на брошурата е Здружението на млади - МЛАДИ ОД СЕМЕЈНА РАЗНОВИДНОСТ,  Автори и уредници на брошурата се: Станиша Станковиќ и Елена Божиновска, графички дизајнер: Марио Стефановски и лектор за македонски јазик: Валентина Јошевска, превод на албански јазик: Вјоса Таипи.

Самата брошура произлегува од спроведените работилниците „Младински политики за младинско учество“. Во текот на работилниците, имавме прилика да запознаеме многу млади луѓе со семејна разновидност, но и оние од традиционални семејства кои сакаа да научат нешто повеќе, па да им пренесат на своите врсници, родители, роднини, но и претставниците на здруженија и фондации.

Голема благодарност упатуваме до Бојан Трпевски и Андријана Марковска од здружението Млади Правници, Дамјан Николовски кој е млад социјален работник, Албина Хасиќ која е психолог, NLP coach и мотивациски говорник, кои го споделија своето знаење во нивниот домен, додавајќи и дел од нивното животно искуство. И секако, најголема благодарност до Националниот младински совет на Македонија, Мрежата Стела, Британската амбасада, UK AID и MladiHub за финансиската поддршка да го оствариме овој проект.  

Благодарност до секој/а еден/а од вас што секогаш ни излегувате во пресрет, како и секогаш остануваме достапни за контакт за било кое прашање поврзано со нашата целна група

Во прилог Ви го испраќаме целата брошура на македонски и на албански јазик, а англиската верзија ќе биде нешто подоцна со поддршка од нашите партнери COFACE Families Europe, за кој по првпат Македонија, односно ние ќе учестуваме на конференција токму за различни семејни конструкции на ниво на цела Европа, во Мадрид, Шпанија, во месец октомври. Токму брошурата од Македонија ќе биде презентирана таму, како прва брошура за млади од овие типови на семејства!

 

Здружение на млади - МЛАДИ ОД СЕМЕЈНА РАЗНОВИДНОСТ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан