• петок, 05 декември 2025

Првата трка за Шеиб од Австрија

Првата трка за Шеиб од Австрија

Зелден, 25.октомври 2025 (МИА) – Австриската скијачка Јулија Шеиб победи на првата трка сезонава во Светскиот куп во скијање. Таа денеска беше најбрза на велеслаломската патека.

По двете трки Шеиб триумфираше со време 2:16.51 минути и донесе голема радост за домашните навивачи. Место на подиумот имаше за Паула Молцан од САД која имаше заостанување од 58 стотинки и го освои второто место, додека како третопласирана заврши Лара Гут-Бехрами од Швајцарија, која имаше заостанување од 1.11 секунда.

Почетокот на сезоната традиционално се одржува на глечерот Ретенбах. Први велеслаломска трка имаат дамите, а утре на истата локација првиот натпревар сезонава ќе го имаат и мажите.

Победничката на денешната трка имаше најдобро и во првото возење. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан