• четврток, 19 декември 2024

Прајс и Брнз: Охрид и Преспа ја однесоа земјата во НАТО и на прагот на ЕУ

Прајс и Брнз: Охрид и Преспа ја однесоа земјата во НАТО и на прагот на ЕУ
Скопје, 13 август 2021 (МИА) - САД се гордеат што ја прославуваат заедно со Северна Македонија 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор којшто одигра суштинска улога во воспоставувањето на Северна Македонија како мултиетничка демократија и спречување на поголем конфликт, нагласи денеска Едвард Прајс портпарол на Стејт Департментот во видео порака на конференцијата „По Охрид“. - Ги поздравуваме постигнувањата и напредокот остварен од земјата во изминатите години кои ја позиционираа Северна Македонија многу добро во регионот. Вашиот напредок со Преспанскиот договор покажа дека дипломатијата е возможна и носи плодови, истакна Прајс. Во скоро време по Преспанскиот договор, додаде, ви беше посакано добредојде како 30. сојузник во НАТО. Изрази надеж дека наскоро ќе биде прославено и нашето членство во Европската Унија. - Спогодбата поддржува општество кое цели кон напредок. Ние ги споделуваме предизвиците и ние како и вас разбираме дека демократијата се зајакнува кога ги почитуваме различните размислувања и разликите. Ова се идеали кон кои се стремиме и и честитаме на Северна Македонија за напорите во корист на нејзините граѓани. Ова е само почетокот на нашата врска која ќе ја чува вашата земја силна многу годиниво иднината, нагласи Прајс. Според амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, Рамковниот договор не е совршен договор, но тој нуди исполнување на желби во иднина и преминување кон минатите несогласување. Како што рече, тоа е договор кој што не однесе во НАТО и на прагот на Европската Унија. - Во денешниот глобализиран свет се соработува и се води конкуренција на повеќе нивоа, и тоа произлегува од различни сегменти кои имаат различни култури од различни делови на светот.Оваа земја е на балканскиот полуостров, на еден од највибрантите делови од овој регион, каде што се вложуваат огромни напори за токму различностите да бидат ваша силна страна, рече амбасадорката. Таа посочи дека над 4 илјади лидери од деловни, политички, религиозни и други опбласти во Северна Македонија учествуваа во програмите и размените под покровителство на американската влада. Како што рече, тие имаат патувано за стекнување професионални искуства и имаат учено како едни од други, така и од формалните програми. Амбасадорката додаде дека Америка исто така работи со своите партнери тука во Северна Македонија за обезбедување рамноправен пристап до ресурсите и институциите во оваа земја. Во некои случаи, како што рече, тоа е во форма на финансиски одржливи инвестиции, во други сегменти станува збор за пристап до слободни пазари, помош при намалување на корупцијата - Во еден случај соработувавме со локалните влади за обезбедување интернет врски во сите јавни училишта во земјава и на скеој ученик да му се даде можност да се орбазува дигитално. САД ќе продолжи да ги поддржува вашите напори, во справувањето со корупцијата и зајакнувањето на демократијата и зголемување на инклузивноста, рече Брнз. мс/бт/  

Остани поврзан