• вторник, 24 декември 2024

Пратениците на Левица поднесоа Декларација за солидарност со палестинскиот народ

Пратениците на Левица поднесоа Декларација за солидарност со палестинскиот народ

Скопје, 2 ноември 2023

Пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до претседателот на Собранието, поднесоа Предлог-Декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација.

Во Декларацијата составена од девет точки, која се темели на неколку меѓуанародни акти и резолуции на Обединетите Нации, меѓудругото се бара осуда на воените злосторства врз палестинските цивили извршени од страна на безбедносните сили на Израел и осуда на политиките на апартхејт имплементирани врз палестинскиот народ.

Во Декларацијата се бара од Владата на РМ да ја признае независната држава Палестина и да воспостави дипломатски односи на ниво на амбасади, а од Претседателот на Републиката се бара веднаш да го отповика македонскиот амбасадор во ООН, кој гласаше воздржано за Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за заштита на палестинските цивили, како и вклучување на припадници на АРМ во мировните мисии на ООН за пружање хуманитарна помош на Појасот Газа.

Со оваа Декларација, пратениците на Левица, му предлагаат на Собранието на РМ, како уставен носител на законодавната власт и средиште на парламентарниот плурализам, да го изрази својот политички став за неприфатливите, нечовечки и страотни сцени на масакри и колективна траума кои секојдневно доаѓаат од разурнатата Газа, осудувајќи ја илегалната израелска окупација на палестинските територии.

Сметаме дека нормативниот текст на Декларацијата во склад со традицијата на југословенската дипломатија и истиот е прифатлив за сите политички чинители застапени во македонскиот парламент, а ова особено во духот на интернационализмот и меѓународната солидарност. 

 

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан