• понеделник, 23 декември 2024

По првомајските празници над велешко езеро „Младост“, собрано големо количество смет

По првомајските празници над велешко езеро „Младост“, собрано големо количество смет
Велес, 4 мај 2021 (МИА)- Вработените во Кумунална хигиена на ЈКП „Дервен“ по продолжениот викенд за време на Првомајско-Велигденските празници денеска покрај езерото „Младост“ во близина на Велес интензивно работеа на чистење и притоа собраа еден трактор најразновиден смет. Како што информираат за МИА од „Дервен“ биле чистени патеките и околината на езерото каде престојуваат голем дел на излетници во изминатите четири дена. Инаку, вчеравечер по заминување на излетниците глетката околу патеката и околината на велешко езеро Младост“ како и во изминатите години за жал и оваа година природата беше нагрдена од купишта на секаков вид на смет расфрлани покрај патеките за трчање, околу корпите и летниковците. Граѓаните во разговор за МИА посочија дека расфрланиот смет доаѓа од преполните корпи, кој како резултата на ветрот бил разнесен наоколу, според нив корпите четири дена не биле испразнети од страна на „Дервенци“. Граѓаните и сите посетители на рекреативното езеро „Младост“ а кои освен од Велес ги имаше и од Скопје и од други градови во земјава бараат од Општина Велес да постави поголем број на корпи за отпадоци и контејнери. Тие велат дека ги нема на сите локациии и постечките не се доволни и реагираат дека немааат каде да го фрлат сметот поради преполнетите корпи и контејнери ,посебно за празниците и викендите. Посетителите бараат и апелираат контејнери да се постават и од другата страна на езерото „Младост“ кај пешачката патека и во близина на летниковците. Инаку „Дервенци“ се уште немаат чистено покрај бреговите на реката Бабуна на неколку километри од Велес, која е втор рекративен центар на велешани и исто така беше посетено за време на Првомајско-Велигденските празници изминатиот продолжен викенд. ад/свс

Остани поврзан