• понеделник, 23 декември 2024

По објавата на МИА, Сали со одговор дека проблемот со термините за мамографија ќе се реши од јануари

По објавата на МИА, Сали со одговор дека проблемот со термините за мамографија ќе се реши од јануари
Скопје, 10 ноември 2022 (МИА) - Децениското нерационално инвестирање во здравствената опрема, неправилната распределба на услугите, со што пациентите од другите градови се принудени да патуваат во Скопје и застарената опрема, се причините што министерот за здравство Беким Сали денеска ги наведе откако беше прашан зошто нема ниту еден термин за мамографија во шесте јавни здравствени установи по објавата на  МИА. - Потпишан е договорот за инсталација на најсовремена опрема во најмалку 12 јавни здравствени установи. Од јануари нема веќе да разговараме дали има термин за мамографија во другите градови, изјави Сали, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ГОБ „8 Септември“. Според премиерот Димитар Ковачевски, кој исто така присуствуваше на отворањето на новиот дијагностички центар за магнетна резонанца, здравствените услуги во државата може да се подобрат многукратно. - Системот треба да функционира и да пружа најбрза услуга. И јас сум имал болни од рак во моето семејство и сме поминувале процес на чекање, но низ тие лични искуства ќе сфатите дека тие кои се задолжени за управување со системот треба да работат на негово унапредување. Ние во државата имаме врвни доктори, имаме опрема што е на врвно ниво, но тоа што на нас ни фали е воспоставување на систем кој ќе работи за граѓаните, порача Ковачевски. Неговата визија е државата да стане членка на Европската Унија и да им овозможи живот на сегашните и идни генерации со животен стандард на европско ниво. ки/бак/    

Остани поврзан