• четврток, 19 декември 2024

По делумните избори Фидес го задржа дво-третинското мнозинство во Парламентот

По делумните избори Фидес го задржа дво-третинското мнозинство во Парламентот
Будимшешта, 12 октомври 2020 (МИА) - Унгарската опозиција вчера не успеаја да го намали дво-третинското мнозинство што Виктор Орбан го има во Парламентот откако неговата кандидатка победи на делумните парламентарни избори, покажуваат првичните резултати. Владејачката партија Фидес на вчершните избори ја задржа власта во шестиот округ Борсод, источна Унгарија, а нејзината кандидатка Софија Конч победи со 51 отсто гласови, додека заедничкиот кандидат на опозицијата Ласло Биро доби 46 проценти од гласовите. Со тоа Фидес задржа 133 од 199 пратеници во унгарскиот Парламент. ми/

Остани поврзан