• петок, 22 ноември 2024

Почна примената на брзите тестови за Ковид-19

Почна примената на брзите тестови за Ковид-19
Скопје, 2 ноември 2020 (МИА) - Почна примената на брзите тестови за Ковид-19, потврди за МИА д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести. Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација во земјава што почна со изработка на брзите тестови. Станува збор за тестови од фирмата Abbott кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот. Во однос на постапката со овие тестови, прво се зема брис назоферигијално, потоа се става во епрувета во која има течност, потребно е од 15 до 20 минути, на една плочка се капнува каде што веднаш се добива резултатот. Доколку е лицето позитивно, веднаш во текот на денот ќе биде известено од Институтот за јавно здравје кој понатаму ќе постапи со епидемиолошка анкета за лицето да биде ставено во изолација. Денеска во Министерството за здравство, како што соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче, ќе пристигне донација од 13 000 брзи тестови. Тестовите, посочи, ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето. - Тринаесет илјади брзи тестови следната недела ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање, рече вчера министерот Филипче. Посочи дека добиле голема сума пари со ребалансот на буџетот близу 40 милиони денари и ќе набават близу 100.000 тестови во следниот период за да одговорат на сите потреби. мс/са/

Остани поврзан