• сабота, 29 јуни 2024

Почна изградбата на четири тоалети во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“

Почна изградбата на четири тоалети во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“
Куманово, 28 јуни 2022 (МИА) - Почнаа градежни активности за изградба на тоалети во централниот објект на кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово, информираа денеска надлежните. Тоалетите ќе бидат адаптирани за потребите на учениците со попреченост, а наскоро ќе почне и изградбата на лифт. - Вкупно ќе бидат изградени четири тоалети, три во централниот објект и еден во училиштето на улицата „Тане Георгиев“, каде настава следат ученици со посебни образовни потреби. Во централниот објект тоалетите ќе има на првиот, вториот кат како и во училишната спортска сала. На овој начин се преземаат сите чекори за да се овозможи инклузивен пристап за сите наши ученици, изјави директорката на училиштето, Јасминка Спасовска. Во Куманово во три училишта се спроведуваат слични активности, наменети за учениците со попреченост во основните „Браќа Миладиновци“, „Бајрам Шабани“ и во средното училиште „Наце Буѓони“. ам/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан