• вторник, 19 ноември 2024

Почна да се реализира кампањата „Биди ИНклузивен“

Почна да се реализира кампањата „Биди ИНклузивен“
Скопје, 10 мај 2021 (МИА) - Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ почна со реализација на кампањата „Биди ИНклузивен“, која има за цел да ја подигне свеста кај населението за важноста на инклузивното образование и вклученоста на децата со попреченост во редовната настава. Оваа кампања се реализира во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Како што соопштија од фондацијата „Чекор по чекор“, во рамки на кампањата изработени се три видеа, каде познати личности од сферата на спортот, филмот и музиката упатуваат пораки за поголема инклузија и за прифаќање и почитување на различностите. Меѓу познатите личности кои учествуваа во оваа кампања беа: Милчо Манчевски, Кирил Лазаров, Андријана Јаневска, Влатко Лозановски – Лозано, Стојанче Стоилов, Амернис Нокшиќи, Кирил Џајковски.бт/лв/ https://www.youtube.com/watch?v=zzV5JXLQrhw    

Остани поврзан