• понеделник, 23 декември 2024

Почестете ги своите најблиски и дозволете им Новата година да ја започнат со БОНУС-CASHBACK

Почестете ги своите најблиски и дозволете им Новата година да ја започнат со БОНУС-CASHBACK

Скопје, 28.12.2023 – Празниците се можеби најубавиот потсетник, којшто дава поттик за поголем број на подароци и изненадувања во зимската сезона. Финансиските подароци се она, што најмногу ги радува младите, бидејќи придонесуваат за нивна финансиска независност, а и можност за самостојно раководење со сопствените средства.

Шпаркасе Банка, на студентите корисници на „Vibe-on“ пакетот за млади, им обезбеди можност Новата година да ја започнат со одличен вајб, а воедно да добијат дополнителен прилив на средства. Шпаркасе Банка АД Скопје е постојано фокусирана на овозможување на најдобрите услови за младите, како и инвестирање во нивната финансиска едукација. Празничната „Vibe-on Cashback“ приказна, може да биде дел од серијата подарувања на секое семејство и друштво. Секој родител, баба, дедо, тетин, тетка, вујко, вујна, па дури и блиски пријатели, можат да ги изненадат младите, со префрлен паричен износ на нивната Vibe-on трансакциска сметка. Празничната магија на подарувањето нека предизвика насмевка кај младите и нивен самостоен избор за подарок, со кој ќе придонесете за финансиската независност на вашите деца или внуци, но и ќе додадете дополнителна вредност на подарокот со овозможување да освојат и Бонус-Cashback во износ од 500 денари од Шпаркасе Банка.

Доколку сѐ уште не знаете кој е вистинскиот празничен подарок, за вашите помлади членови од семејството, или во вашиот круг на пријатели, тогаш оваа понуда на Шпаркасе Банка е можеби најпривлечното решение и предлог за овие празници. Со истото ги мотивирате младите да штедат повеќе, како и да имаат целосна контрола врз нивните финансии.

Затоа, испратете го вашиот „Vibe-on“ подарок до вашите деца, внуци или пријатели, а тие веднаш ќе можат да започнат со празничен шопинг на нивен начин.

Драги студенти, доколку добиете паричен празничен подарок од родителите, бабите и дедовците или од пријателите на вашата трансакциска Vibe-on сметка, сѐ што ви е потребно е токму преку „Vibe-on“ платежната картичка да направите 10 продажни трансакции, со вкупна вредност од 2.000 денари, заклучно со 31.01.2024, затоа што за најбрзите 3.000 корисници следува „Cashback“, во вкупна вредност од 500 денари.

Шпаркасе Банка се залага за одговорно финансиско делување во иднина, давајќи им можност на новите генерации за свој прилив на средства и самостојно управување со сопствените финансии.

Исплатата на повратот на средства за најбрзите 3.000 корисници ќе започне на 14 февруари 2024 година.

Празниците се совршено време да се почувствува добриот вајб на подарувањето.

 

Мој вајб на мој начин.

#ВерувајВоИднината

 

 

____________________________________________

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан