• понеделник, 23 декември 2024

Потврден коронавирус кај руски државјанин

Потврден коронавирус кај руски државјанин
Москва, 2 март 2020 (МИА) - Тестот на коронавирус на руски државјанин, кој престојувал во Италија, покажал дека тој е позитивен на Ковид-19, изјави портпарол на рускиот тим за борба против коронавирусот. - Вирусот Ковид-19 е потврден денеска кај руски државјанин кој се вратил од Италија, истакна портпаролот, додавајќи дека кај пациентот е дијагностициран полесен облик на болеста. Ова е прв случај на коронавирус кај руски државјанин, иако во претходните денови се објавувале информации на социјалните медиуми дека „епидемијата се шири низ Москва“, но руските официјални претставници ги демантирале таквите тврдења. гт/

Остани поврзан