• понеделник, 23 декември 2024

Постигнат договор меѓу Косово и Србија во Брисел за регистарските таблички

Постигнат договор меѓу Косово и Србија во Брисел за регистарските таблички

Брисел, 30 септември 2021 (МИА) – Косово и Србија денеска постигнаа договор со посредништво на Европската унија. Деталите ќе бидат објавени во текот на денот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Главните преговарачи од српска и косовска страна го поминаа целиот вчерашен ден и дел од денешниот во билатерални преговори со специјалниот претставник за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Попладнево, Европската комисија потврди дека двете страни постигнале договор за спорот околу регистарските таблички.

- Претседателката Урсула фон дер Лајен го поздравува договорот постигнат по преговорите кои се одржуваат од вчера наутро. Овој договор доаѓа додека претседателката ја финализира својата тура низ Западниот Балкан. Таа вчера се сретна со властите во Косово, а денеска во Србија и ги повика двете страни да постигнат договор што поскоро и да ја деескалираат ситуацијата, изјави Дана Спинант, портпаролка на Европската комисија.

Таа додаде дека деталите од договорот ќе бидат соопштени во наредните часови. тм/паг/

Остани поврзан