• петок, 22 ноември 2024

Португалските острови ги погодија 90 земјотреси за 24 часа

Португалските острови ги погодија 90 земјотреси за 24 часа
Лисабон, 20 март 2022 (МИА) - Властите на португалските Азорски Острови се во дополнителна готовност, откако 90 помали земјотреси го погодија островот Сао Хорхе во Атлантскиот Океан за 24 часа, иако нема извештаи за причинета материјална штета. Последен пат вулканот Урзелина на Сао Хорхе исфрли лава во 1808 година, а Цивилната заштита на Азорските Острови побара мислење од експерти од регионалниот центар за следење на активностите на вулканите. Цивилната заштита додаде дека ги контактирала градоначалникот и пожарникарите, барајќи од нив да бидат во состојба на приправност и да им помогнат на жителите на островот доколку е потребно. Сеизмичката активност започна вчера попладне, но локалните власти апелираа до населението да остане смирено, да ги следи информациите и препораките. Потресите биле со интензитет од 1,9 до 3,3 степени според Рихтеровата скала. Околу 8.200 луѓе живеат на островот Сао Хорхе, еден од деветте острови кои се дел од Азорските Острови. гт/

Остани поврзан