• сабота, 23 ноември 2024

Португалската федерација го продолжи договорот на Сантош до 2024 година

Португалската федерација го продолжи договорот на Сантош до 2024 година
Лисабон, 16 јуни 2020 (МИА) - Португалската фудбалска федерација го продолжи договорот на тренерот на репрезентацијата Фернандо Сантош. Новиот договор со 65-годишниот стратег е до 2024 година. - Голема чест е за мене и мојот тренерски кадар да го продолжам овој пат, кој започна, благодарение на волјата и решителноста на претседателот на федерацијата. Знаеме дека не можеме да освоиме сè, но ќе се бориме да го сториме тоа. Можно е по завршувањето на овој договор да ја завршам својата тренерска активност, истакна Сантош. Стручњакот ја предводеше Португалија во 2014 година. Под негово водство тимот стана европски шампион (2016) и победник во Лигата на нации на УЕФА (сезона 2018/2019).

Тагови

Остани поврзан