• понеделник, 25 ноември 2024

Португалија се надева на прва меѓувладина конференција со Скопје до јули

Португалија се надева на прва меѓувладина конференција со Скопје до јули

Брисел, 18 јануари 2021 (МИА) – Португалската државна секретарка задолжена за ЕУ, Ана Паула Закариаш, порача дека нејзината земја која претседава со ЕУ до први јули годинава се надева дека ќе се деблокира спорот со Софија и ќе може да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Закариаш за МИА порача дека проширувањето на ЕУ е приоритет за португалското претседателство, што започна на први јануари и трае до триесетти јуни оваа година.

Таа додаде дека во тек се контакти со двете страни – Скопје и Софија – за изнаоѓање на решение за билатералниот спор кој го кочи отворањето на преговорите со ЕУ.

-Започнавме со политички контакти со Бугарија и Република Северна Македонија за да успееме да изнајдеме пат кон отворање на процесот, и за време на нашето претседавање да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, но и со Албанија, изјави Закариаш денеска во Брисел.

Државната секретарка на Португалија додаде дека во овој момент се потребни дополнителни политички разговори помеѓу двете страни и увери дека Лисабон тоа ќе го прави во дух на доверба. тм/нд/

 

 

Остани поврзан