• сабота, 23 ноември 2024

Портпаролите на Владата за 75-та седница: Од утре почнува Меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград 

Портпаролите на Владата за 75-та седница: Од утре почнува Меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград 
Скопје, 31 август 2022
Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција, која ја одржаа со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, информираа за точките и заклучоците од вчерашната 75-та седница.Портпаролите го најавија Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград, од утре, 1-ви септември до недела, 4 септември, кој е дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и е под покровителство на владите на Северна Македонија, Србија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.Учеството на Северна Македонија на настанот за нашата економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина. Истовремено ќе се промовираат туристичките капацитети на земјава и ќе се привлечат нови туристи од регионот и пошироко.Северна Македонија ќе биде претставена преку 42 винарии и 3 дестилерии , како и 10-тина производители на храна со понуда за дегустација на автентичната македонска кујна.Дополнително, Северна Македонија ќе биде претставена и на „Македонска вечер“ под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе бидат промовирана македонската економија преку презентација на вина, храна, музика и туризам.Во политичкиот дел ќе се одржи традиционалниот Самит на лидерите од трите држави на иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама, како и панел дискусии.Ќе биде потпишан Договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан. Од областа на културата, ќе биде потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности во Западен Балкан, како и Оперативен план во областа на цивилната заштита.За сите три документи кои беа на вчерашната владина седница беа усвоени извештаи за завршени преговори и утврдени текст-документи кои ќе бидат финиширани за време на посетата на делегација на Владата на Република Северна Македонија во Белград.На денешната прес-конференција портпаролите информираа, дека Владата на Република Северна Македонија е во постојана  комуникација и координација со надлежните институции  по вчерашното невреме и се прават максимални напори да се санираат штетите.Во таа насока, беше речено на денешната прес-конференција,  надлежната институција односно Центарот за управување со кризи веќе информираше за првично утврдените штети од невремето.
Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат
________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан