• сабота, 06 јули 2024

Портланд незаинтересиран за барањето на Лилард да замине во Мајами

Портланд незаинтересиран за барањето на Лилард да замине во Мајами

Портланд, 18 август 2023 (МИА) – Раководството на Портланд сè уште не покажува интерес да го тргува својот најдобар кошаркар Демијан Лилард во Мајами. Лилард побара размена во Хит на 1 јули. 

 

НБА планира да емитува само еден натпревар со Портланд на националната телевизија оваа сезона. Во овој натпревар Блејзерси ќе бидат домаќини на Мајами хит во февруари.

 

Претходно беше објавено дека Мајами подготвува нова понуда за Лилард во која се вклучени Тајлер Херо, млад играч (Никола Јовиќ) и пикови од драфтот. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан