• петок, 20 декември 2024

Поранешниот јужнокорејски претседател осуден на 17 години затвор

Поранешниот јужнокорејски претседател осуден на 17 години затвор
Сеул, 19 февруари 2020 (МИА) - Врховниот суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјун-бак на 17 години затвор поради корупција. Во 2018 година тој е осуден на 15-годишна затворска казна, но е условно пуштен на слобода во март минатата година поради лоша здравствена состојба. По поднесената жалба на пресудата, Врховниот суд му ја зголеми казната на 17 години затвор. Судот во Сеул соопшти дека Ли не се покајал поради злоупотребата на службената должност, туку ги обвинил оние со кои работел. Тој е осуден за поткуп, проневера и други обвиненија. Поранешниот шеф на јужнокорејската држава ги отфрлил повеќето точки од обвинението. Ли беше претседател на Јужна Кореја од 2008 до 2013 година. неговата наследничка Парк Геун-хе, исто така, е осудена на 33 години затвор поради корупциски скандал. гт/

Остани поврзан