• сабота, 06 јули 2024

Поранешниот премиер застана зад Заев

Поранешниот премиер застана зад Заев
Скопје, 26 ноември 2020 (МИА) - Поранешниот премиер Владо Бучковски во изјава за НОВА во врска со серијата реакции на интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, вели дека не е во ред некој да биде „обвинет“ за распродажба на историјата кога во исто време, како што истакнува, искрено се бори за нашата европска иднина. – Македонија ја доживува својата катарза. Мене ми е ова Deja Vu. Jас се обидов во 2006-тата по средбата со бугарскиот премиер Станишев да проговорам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј и Илинденското востание, истакнува Бучковски во изјавата. Тој нагласува дека пред 14 години бил дочекан на нож од дел од медиумите, а сега 14 години подоцна друг премиер е „обвинет“ за распродажба на нашата историја. -Зошто? Затоа што, според мене, искрено се бори, од петни жили, за нашата европска иднина, истакнува Бучковски во изјавата. ац/

Остани поврзан