• четврток, 07 ноември 2024

Поранешната гувернерка на Порторико, Васкез уапсена поради корупција

Поранешната гувернерка на Порторико, Васкез уапсена поради корупција
Сан Хуан, 5 август 2022 (МИА) - Американските власти ја уапсија поранешната гувернерка на Порторико, Ванда Васкез, која беше на оваа функција од 2019 до 2021 година, поради обвинение за корупција за време на изборната кампања во 2020 година. Таа е обвинета дека била дел од шема за подмитување, се наведува во соопштението на Министерството за правда. Според надлежни, сопственикот на венецуелско - италијанската банка „Банкредито“, Хулио Мартин Херера Велутини и поранешниот агент на ФБИ, Марко Росини, им платиле околу 300.000 долари на политички консултанти, кои ја поддржале кампањата на Васкез во замена за политички услуги. Властите наведуваат дека сопственикот на банката „Банкредито“, која била под истрага на островските регулаторни тела, индиректно побарал од Васкез да замени директор на регулаторно тело. Хулио Мартин Херера Велутини, наводно со Марко Росини, понудил мито. Двајцата се обвинети заедно со Васкез. Таа, како и тие, може да добијат до 20 години затвор доколку бидат осудени, изјави американскиот обвинител за округот Порторико, Стивен Малдроу, на прес - конференција. Васкез за првпат ќе се појави во суд нешто подоцна во текот на денешниот ден, соопшти Министерството за правда. бд/сд/

Остани поврзан