• петок, 05 декември 2025

Поради повторно разгорување на пожарот во прекин сообраќајот Скопје-ГП Блаце, затворен и граничниот премин

Поради повторно разгорување на пожарот во прекин сообраќајот Скопје-ГП Блаце, затворен и граничниот премин

Скопје, 9 јули 2025 (МИА) - Поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи, како што нагласуваат оттаму, во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.

Апелираат граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за што соодветно ќе ја информираме јавноста. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан