• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поради коронавирусот во Марибор се закажуваат прегледи само преку телефон

Поради коронавирусот во Марибор се закажуваат прегледи само преку телефон
Љубљана, 10 март 2020 (МИА) - Од Универзитетскиот клинички центар во Марибор соопштија дека од денеска сите прегледи ќе се закажуваат исклучиво телефонски или преку електронска пошта. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ова се прави со цел пациентите да не доаѓаат лично во болниците да закажуваат прегледи и на тој начин се изложуваат на опасност да се заразат со новиот коронавирус. Уште пред една недела, поради истата причина Клиниката ги забрани и посетите на болните. Во овој момент во Словенија има 25 потврдени случаи на лица заразени со Ковид-19, а за еден маж со симптоми на заразата се чекаат резултати. ав/гт/

Остани поврзан