• сабота, 04 април 2026

Помали градежи активности на Општина Виница во селото Калиманци

Помали градежи активности на Општина Виница во селото Калиманци

Виница, 4 април 2026 (МИА) - Општина Виница неделава со механизација изведуваше помали градежни активност во селото Калиманци и негови маала.

Градоначалникот Митко Костадиновски изјави дека како Опоштина во рамките на можностите се трудат  да одговорат на потребите на сите граѓани, рамномерно и рамноправо, и во помалите населени места. 

-На барање на жители на село Калиманци во м.в. Висока се работи на расчитување, порамнување и проширување на патот до Пресечка маала, информира Костадиновски.

Средствата за изведување на овие градежни активности се обезбедени од Буџетот на Општина Виница. ис/вј/

Фото: Општина Виница

 

Остани поврзан