• недела, 22 декември 2024

Полската Влада би можела да има поголема контрола врз училиштата

Полската Влада би можела да има поголема контрола врз училиштата
Варшава, 13 јануари 2022 (МИА) - Долниот дом на полскиот Парламент денеска усвои закон на предлог на владејачката партија Право и правда (ПиС), со кој се зголемува контролата на владата врз училиштата. Законот е изгласан со 227 гласа „за“ и 214 гласа „против“, а сега се чека одлуката на Сенатот. Како што се наведува, партијата ПиС смета дека е неопходно да се воведат промени во училиштата за да се заштитат децата, а од друга страна опозицијата тврди дека законот е дел од поголем план кој има за цел да се отстранат либералните вредности од јавниот живот. Тие предупредуваат и дека законот може да го ограничи правото на родителите да одлучуваат за образованието на нивните деца и дека училишната управа нема да може да преземе ништо за тоа. Доколку законот стапи во сила, како што се наведува, воннаставните активности што ги организираат и спроведуваат невладините организации во училиштата ќе може да се одвиваат само доколку бидат одобрени од владин инспектор. Полскиот министер за образование Пржемислав Чарнек истакна дека инспекторите треба да имаат право да ги прекинат програмите кои можат да го „загрозат моралот на децата“, особено кога станува збор за сексуално образование. гт/

Остани поврзан