• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата на Сан Франциско побара дозвола за убивање осомничени кои се опасност за другите луѓе

Полицијата на Сан Франциско побара дозвола за убивање осомничени кои се опасност за другите луѓе

Сан Франциско, 24 ноември 2022 (МИА) - Полицијата на Сан Франциско, САД, побара дозвола од локалните власти за употреба на роботи што ќе имаат способност да убијат осомничен за кого се смета дека е преголема закана, односно опасност за животот на полицајците и граѓаните во состојба каде што нема други можности.

Предлог-законот е веќе изработен. Но, тоа веќе наиде на противење со ставот дека „роботите не смеат да се користат за употреба на сила против ниту едно лице“. Полицијата во Сан Франциско, честопати обвинувана за прекумерна употреба на сила и за „склоност“ кон користење палки, сега очигледно бараат дополнителна моќ што ќе прави разлика меѓу животот и смртта, објави „Ендгаџет“. Полициските сили во САД располагаат со целосно функционални роботи со далечинско управување, што вообичаено се користат за проверки на терен и за отстранување бомби. Иако Сан Франциско никогаш конкретно не дозволил роботите да убиваат луѓе, смртоносните автономни оружја се сè почести во современото војување. Противпешадиските мини, едно од најраните автоматски оружја, беа забранети 1997 година, а целосно автоматизирани одбранбени системи како што е бродскиот „Фалангс“ се користат од 70-тите. Самоуправувачките офанзивни системи како што се беспилотните летала и борбените летала се користат со години, но секогаш има човек кој е одговорен за пукање од оружјето.  си/сд/

Остани поврзан