• понеделник, 23 декември 2024

Полицијата демантира дека имало експлозија во вилата на Ѓукановиќ

Полицијата демантира дека имало експлозија во вилата на Ѓукановиќ
Подгорица, 12 јануари 2020 (МИА) - Полициската управа во Подгорица соопшти дека не е точно оти во претседателската вила „Горица“ одекнала експлозија, како што претходно објавија медиумите. - Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника, наведува полицијата. Претходно весникот „Вечерње новости“ објави дека во вилата „Горица“, која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи странски гости и делегации, денеска попладне одекнала експлозија и дека безбедносните структури на Црна Гора се сомневаат во обид за диверзија. гт/

Остани поврзан