• недела, 22 декември 2024

Полицијата ги растера насилните учесници во протестот против францускиот предлог

Полицијата ги растера насилните учесници во протестот против францускиот предлог
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Припадниците на полицијата вечерва пред Собранието на Република Северна Македонија почнаа да приведуваат учесници во протестот против францускиот предлог откако дел од нив почнаа да фрлаат петарди, димни бомби и други предмети кон специјалците и ја урнаа оградата пред законодавниот дом. Откако ескалираше однесувањето на дел од учесниците, полицијата во неколку наврати им се спротивстави и успеа да ги растера од пред Собранието и да ги потисне кон паркот Жена борец. Според припадници на полицијата од терен за МИА, тројца припадници на МВР се повредени, а едно полициско возило е оштетено. Од МВР потврдија дека има повредени полицајци како и приведени лица, но сè уште не се знае точната бројка. Вечерва е четврти ден од одржување на протестниот марш против францускиот предлог. Демонстрантите вообичаено се собраа пред Владата, па потоа преку Министерството за надворешни работи пристигнаа до Собранието. ар/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан