• понеделник, 23 декември 2024

Полицијата во Хонгконг уапси над 100 демонстранти

Полицијата во Хонгконг уапси над 100 демонстранти
Хонгконг, 24 мај 2020 (МИА) - Најмалку 120 лица се уапсени денеска за време на протестите против предлог-законот за национална безбедност на Хонгконг, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“. Според весникот, околу 40 од уапсените демонстранти се обиделе да постават барикади. Неколку илјади луѓе излегоа денеска низ улиците на Хонгконг во знак на протест поради предлог-законот, кој, според нив, претставува опасност за граѓанските слободи и принципот „една земја, два система“. Во обид да ги растера, полицијата употреби солзавец против антивладините демонстранти. Предлог-законот за национална безбедност на Хонгконг предвидува забрана за отцепување, мешање на странски земји, тероризам и сите други сепаратистички активности насочени кон соборување на централната власт и странско мешање во внатрешните работи на поранешната британска колонија. гт/

Остани поврзан